Расед е дефиниран како пукнатина во Земјината кора, која се јавува како резултат на движење на тектонските плочи. Не секоја пукнатина во земјата е расед. Она што го дефинира раседот е движењето на карпата од двете страни. Кога тоа движење е ненадејно, ослободената енергија предизвикува земјотрес. Некои раседи се со мали димензии, но постојат и такви кои се дел од големи раседни системи, каде карпите се лизгале една покрај друга илјадници години. Големите раседи во Земјината кора ги формираат границите меѓу тектонски плочи, како што се зоните на субдукција или трансформираните раседи. Ослободувањето на енергија поврзано со брзото движење на активните раседи е причина за повеќето земјотреси.Раседот како геолошка компонента има некои елементи, како што се рамнина на расед, линија на расед и зона на расед. Во таа смисла, рамнина на расед е рамнината што ја претставува површината на раседот. Под линија на расед се подразбира пресек на рамнината на раседот со површината на земјата. Инаку, линијата на раседот е всушност линијата што вообичаено се црта на геолошките карти. Поради сложеноста на раседите, геолозите го користат терминот зона на расед, што претставува кластер од паралелни раседи.
Типови на раседи:
- Нормален расед
- Обратен расед
- Паралелен расед
- Искривен расед
Да сумираме, раседите се пукнатини во земјината кора каде движењето се случува барем на едната страна. Во овој случај, една пукнатина во земјата да биде расед, потребно е барем едната или другата страна да се помести (а во некои случаи и двете).
Напишала: Бојана Алексова – Претседател на ИЗСГ „Природник“
Користена литература:
www.geologypage.com
www.usgs.gov/
Оваа статија е прочитана 410 пати!