Бислимска Клисура кај Куманово прераснува во туристичко-рекреативна област

13.9.2014

BislimskaВо почетокот на оваа (2014) година започнаа практичните активности за туристичко активирање на Бислимска Клисура на реката Пчиња, која се наоѓа на 5-10 км јужно од градот Куманово. Во таа смисла, во текот на месец август се изработени и поставени 10 туристичко информативни табли, а едновремено е завршена деталната студија за валоризација на атрактивностите и можностите за развој на туризмот во овој простор. За целта на студијата, во летниот период беа изведени дополнителни теренски истражувања, со кои се испитани уште неколку „нови“ кратки пештери и други релјефни форми, утврдени се неколку ретки и ендемични флорни елементи, културно-историски, етнолошки и археолошки содржини и сл. Во следните месеци се очекува означување на најатрактивните трекинг патеки, поставување на неколку видиковци и други зафати, сето тоа со максимална вклопеност во природниот амбиент. Покрај интересна туристичко рекреативна функција, особено за жителите на градот Куманово, се очекува и поттик за развој на селските населби Пчиња и Орашац, кои се наоѓаат непосредно покрај клисурата. Инаку, Бислимска Клисура или во поширок опфат наречена „Бислимска карстна област“, претставува навистина интересен, див и сеуште слабо посетен карстен Bislimska_klisuraтерен со разновиден гео и биодиверзитет, богато културно-историско и духовно наследство. На растојание од само 6-7 км, може да се видат повеќе пештери (меѓу кои преубавиот Лишков Пештер), пропасти, огромни отсеци, природни прозорци, ретки растенија и животни (мршојадци, орли, соколи), остаток од стара тврдина и многу друго. Затоа, паралелно со туристичкото активирање темелено на принципот на одржлив туризам, ќе отпочне постапка за заштита на клисурата.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 6315 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *