АСТЕР ГДЕМ – нова верзија на тродимензионалниот модел на релјефот!

23.11.2011.  Автор: д-р Ивица Милевски.

По излегувањето на 3”SRTM дигиталниот модел на релјефот во 2003-та година и на 1” ASTER GDEM дигиталниот модел на релјефот во 2009 година, настана вистинска пресвртница во користењето на 3-Д претставите на релјефот во различни делови на Светот, па и во Република Македонија (доволно е да се погледнат само картите од временските прогнози на нашите телевизии). Овие засега два единствени бесплатни модели со речиси глобална покриеност, заради популарноста, добија нови, подобрени и попрецизни верзии. Така, 90 метарскиот SRTM модел доби 9-та верзија, а неодамна пак излезе втората верзија на 30-метарскиот ASTER.

Верзијата 2 од колекција на ASTER GDEM (Advanced Spaceborne Thermal Emission and Reflection Radiometer (ASTER) Global Digital Elevation

Model (GDEM) беше објавена заеднички на 17-ти октомври, 2011 година од страна на Министерството за економија, трговија и индустрија (METI) на Јапонија и на Националната аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) на САД. Како и со верзија 1, METI и НАСА со Астер GDEM придонесуват на Глобалниот систем за набљудување на Земјата (GEOSS). Следствено, Астер GDEM е достапен бесплатно на корисниците низ целиот свет преку електронско преземање од ERSDAC од Јапонија и од LP DAAC во САД.

Верзијата 2 е составена според истата грид и секциска структура како верзија 1. Деталната проверка на GDEM 2 забележа значително подобрување во квалитетот на производот посебно поради зголемениот број на користени Астер стерео парови и прочистувања на користениот алгоритам (маскирање на водени површини, помали корелација кернелот големина, пристрасност отстранување). Овие подобрувања вклучуваат зголемување на хоризонтална и вертикална точност, подобра хоризонтална резолуција, намалување на присуството на артефакти и пореални вредности над водни тела.

Сепак се препорачува корисниците да внимаваат бидејќи производот се уште може да содржи аномалии и артефакти со кои ќе се намали нејзината употребливост за одредени апликации. Податоците се дадени “како што се” и ниту NASA ниту METI / ERSDAC нема да бидат одговорни

за која било штета кои произлегува од користењето на податоците.

Астер GDEM 2 подлежи на фер корисничка политика на редистрибуција со цитирање на METI и NASA. Секциите може да се симнат електронски од страниците на ERSDAC и од LP DAAC  со посета на:

NASA Reverb

LP DAAC Global Data Explorer

ERSDAC Ground Data System (GDS) Information Management System (IMS)

Значењето на ASTER GDEM за Република Македонија е огромно, со оглед на тоа што е единствен слободно достапен дигитален модел на релјефот во 30-метарска резолуција за нашата држава. Според моите анализи, висинската точност на овој модел за нашата територија изнесува околу 6-8 метри, што е одличен резултат. Другите 2 модели се: помалку прецизниот (8-10 метри), но доста квалитетен 90-метарски SRTM модел кој исто така е бесплатен и доста користен во бројни ГИС-апликации и 20-метарскиот модел на Управата за геодетски работи на Република Македонија кој е многу попрецизен (отстапување од само 3-5 метри), но релативно скап.

Автор на текстот: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 6893 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *