16.08.2020
Во јужниот дел на Франција неодамна започна изградбата на најсложената машина во историјата на нашата цивилизација – ИТЕРА, која ќе трае наредните пет години. Станува збор за огромен научен проект во кој соработуваат голем број на земји и е вреден 20 милијарди евра. Овој мегапроект, за кој се верува дека може да го промени светот има за цел да ги реплицира процесите што се случуваат во Сонцето, односно да се овозможи создавање на енергија преку нуклеарна фузија, за што научниците се надеваат дека би можеле да бидат комерцијално одржливи во иднина. Тоа е неограничен извор на чиста енергија, но за што нашата цивилизација не најде начин да ја искористи изминативе 60 години, заради големите технички предизвици. За време на фузиона реакција, што е процес на спојување на јадрата на лесните атомски елементи, се ослободува огромна количина на енергија. На пример, фузијата на само пет грама материјал произведува исто толку енергија колку што согоруваат 60 тони висококвалитетен јаглен. Фузија е безбеден извор на енергија во неограничено ниво. За разлика од фисијата на атомските јадра, која е основа на нуклеарните централи, но и атомските бомби, не постои опасност од неконтролирана реакција во фузија. Со други зборови, сценарио како во Чернобил не е можно. Со фузија на енергија, не постои долговечен радиоактивен отпад и нема емисии на јаглерод диоксид.
Реакцијата на фузија е навидум едноставна: На пример, водородните изотопи деутериум и тритиум се комбинираат за да формираат хелиум и неутрони. За да се случи ова, горивото мора да биде во состојба на плазма, т.е. мора да се загрева на повеќе од 150 милиони Целзиусови степени. Понатаму, за да се стојат јадрата, плазмата со доволна густина мора да се задржи доволно долго, а ова се постигнува со силни магнетни полиња во т.н. магнетни шишиња дизајнирани од руските физичари Андреј Сахаров и Игор Там врз основа на идејата на Олег Лаврентиев. Андреј Сахаров, креаторот на руската термонуклеарна бомба, но и добитник на Нобеловата награда за мир во 1975 година, во доцните 50-ти години предвиде дека фузискиот реактор базиран на неговиот дизајн ќе произведе енергија за само 10 или 15 години. Другите физичари предвидуваа слично, но тоа не се оствари.
За да се собере џиновски реактор од 23.000 тони, во срцето на овој проект ќе бидат поставени милиони различни компоненти, вклучувајќи повеќе од 3.000 тони суперпроводнички магнети и повеќе од 200 километри суперпроводнички кабли, од кои сите ќе бидат сместени на екстремно ниско температури од -269 степени Целзиусови. На кратко, ова е најсложениот „градежен“ потфат на денешницата. Почетокот на фазата на склопување го одбележаа и францускиот претседател Емануел Макрон и јапонскиот премиер Шинзо Абе, чија земја учествува во проектот, заедно со Европската унија, САД, Велика Британија, Кина, Индија, Јужна Кореја и Русија.
Факт е дека доколку се овозможи употреба на чиста енергија тоа било биде чудо за нашата планета. Но, кога монтажата на оваа машина ќе заврши најверојатно во 2025 година, ќе започнат првите експерименти, а до 2035 година треба да заврши изградбата на демонстративниот реактор DEMO, кој ќе произведува електрична енергија. Крајната цел е да се започне со производство на комерцијална енергија до 2050 година преку фузија.
Извор: www.jutarnji.hr/life/tehnologija/megaprojekt-koji-bi-mogao-promijeniti-svijet-grade-najkompleksniji-stroj-u-povijesti-civilizacije-15010712?fbclid=IwAR0yrwyvwO-j-ZlPq7YcZDt5rbd-O3Mn6dYmTmiT8cOk_ll2a6EUsHHl_74
Изработиле: Бојана Алексова, студент на наставна географија и проф. д-р Ивица Милевски
Оваа статија е прочитана 4972 пати!