Периодов дојде до активирање на нов вулкан во близина на Канарските острови. Станува збор за подморски вулкан, кој се активира во сама близина на островот Ел Хиеро. Имено овој остров е еден од најмалите острови во Канарскиот архипелаг (зафаќа површина од 278,5 km 2). Според своето потекло, островот Ел Хиеро е од вулкански карактер, а е формиран пред околу 1,2 милиони години.
Оваа година островот Ел Хиеро и неговата околина станаа многу нестабилно подрачје, се ригистрирани повеќе земјотреси. На 10 октомври при еден посилен земјострес беше регистрирана вулканска активност. Во самата близина на островот Ел Хиеро т.е. 3 km јужно од него на длабочина од 70 m под морското ниво се забележа излевање на магма. Со ова ерупција беше прекинат 40 годишен период на неактивност. За непол месец по ерупцијата, овој вулкан се издигна скоро до морското ниво, па така денес во секој момент се очекува да се појави како нов остров. Доколку продолжи активноста со ист интензитет овој вулкан се очекува да се соедини со островот Ел Хиeро.
Повеќе информации околу активноста на вулканот: http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=oqQdZCmqC2w