Пештера Пешна

Неколку километри од Македонски Брод, покрај патот за Самоков, може да се види од автомобил влезот на пештерата Пешна. Пештерата е прогласена за споменик на природата: „Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток кој во сушните периоди од годината наполно пресушува. На влезниот дел на пештерата постои средновековна тврдина.“

Мистеријата на реката – За локалните мештани „врутокот“ е реката Пешна, понорница, која според извесни теории е Крапската река која формира неколку езерца и водопади во „најголемиот пештерски систем кај нас, за кој се претпоставува дека е долг неверојатни десет километри“.

Мистеријата на тврдината – Остатоците од тврдината во пештерата се доведуваат во врска со месноста „Девини кули“ која се гледа од внатрешноста на пештерата. Според локалните легенди, на двете тврдини живееле сестрите на Крале Марко. Како што потврдуваат и промотерите на брендот на Крале Марко, „легендите велат дека на нејзиниот влез и навнатре била изградена тврдината на втората сестра на Крали Марко.“ Пешна е регистрирана како локалитет од доцноантичкиот период во Македонија. Во близина на селото Слатина, пред влезот на самата пештера е откриена гробница со свод од тули и страничен влез од западната страна.

Енигмата за отворот – Според спелеолозите, Пешна е со најголем отвор на Балканот – таваницата на отворот е 30 метри висина. Според проектот „природно наследство“, „нејзиниот влез е со значителни димензии: 16,8х52,4 м.“

Неколку стотини метри од пештерата тече реката Треска, идеално место за рибарење и пикник. Среќна околност за рибарите кои немаат среќа е блискиот мотел Пешна кој има сопствен рибник.

Преземено од:

http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=19E388C5A2231D4799E0759DD72E628D

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *