Новата година кај нас астрономски ќе настапи првин во с. Ново Коњарево, а дури 4 минути подоцна во Скопје!

30.12.2015

NewПоради ротацијата на Земјата кон исток, ако се земе во предвид локалното, наместо зонското време, во Република Македонија, Нова година прво ќе настапи во општината Пехчево и тоа астрономски во 23 часот и 27 минути. По вакво, локално или реално, односно астрономско време, прва и најисточна населба во Македонија каде настапува Нова година е с. Ново Коњарево источно од Струмица и тоа во 23 часот и 28 минути, десетина секунди подоцна во с. Двориште, Беровско, а уште толку подоцна во с. Панчарево, Пехчевско. Во Скопје, по локално време, Нова година настапува 4 минути подоцна, односно во 23 часот и 32 минути. Најдоцна, по реално време Нова година ќе настапи во с. Коњари западно од Дебар и тоа во 23 часот и 36 минути. Кога во Македонија, по зонско време во 00 часот настапува Нова година, поради разликата од околу 5-8 степени или речиси половина час во однос на зонскиот (15-ти) часовен меридијан (Македонија лежи на 20-23 степени источна географска должина), според реалното време, кај нас е веќе 00 часот и 25 (Дебарско) до 33 (Пехчевско) минути.

Ако сака некој да се „пофали“ дека барем 2 пати за еден ден ја дочекал Новата година, може тоа да го направи во пограничните места со Бугарија или пак ако реши да патува со авион од некоја источна земја кон Македонија или од Македонија кон Америка.

Автор: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 6701 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *